Утрински Весник
Македонија

Делчевчани се организираат за помош на семејството Ивановски чија куќа беше зафатена од пожар

Делчевчани се организираат за помош на семејството Ивановски чија куќа беше зафатена од пожар

Делчево, 11 мај 2020 (МИА) – Делчевчани се организираат за помош на делчевското семејството Ивановски чиј дел од куќа на улица „Првомајска“ во Делчево претходната сабота беше зафатена од пожар. Меѓу првите со поддршка за Ивановски излезе градоначалникот на општината Горан Трајковски, кој донираше електрични апарати за домаќинство на унесреќеното семејство.
-Денес го посетив семејството чија покуќнина целосно изгоре во пожарот кој го зафати првиот спрат од нивната семејна куќа. Бидејќи станува збор за двајца пензионери кои живеат сами, а како чин на хуманост и поддршка за нашите сограѓани, за што побрзо да ги санираат последиците од несреќта, одлучив да им донирам електричен шпорет, кој верувам дека во овој момент им е најнеопходен, рече Трајковски.
Апелираше до сите хумани граѓани, фирми, институции, да застанат рамо до рамо и заеднички да се сплотат и во рамките на можноста да помогнат за возобновување на нивниот дом по катастрофалната загуба која го снајде ова семејство.
Освен помошта на Трајковски, во расчистувањето на опожарениот дом на Ивановски помогнаа и соседите, кои први притрчаа на помош и помогнаа во расчистувањето веднаш по опожарувањето на куќата.
Пожарот во семејната куќа на семејството Ивановски се случи пред два дена и благодарение на  брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Делчево се спречи пожар од поголеми размери. вс/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Уапсен тетовец, ги нападнал неговите сопруга и ќерки