Утрински Весник
Македонија

Во Велес втор ден нема ново регистрирани со Ковид-19

ЈЗУ Општа Болница Велес доби донација медицинска опрема вредна околу 40 илјади евра

Велес, 11 мај 2020 (МИА) – Според информацијата од  ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес втор ден нема новорегистриранi со Ковид-19, со тоа бројката на регистрирани во Велес останува на 107 колку што бea регистрирани на 9 мај. Во моментот во градот има 49 лица со ковид-19.

На Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, има 25 лица од кои кај 24 пациенти е потврдено присуството на ковид-19, а еден чека резултат од тест. Денеска бил испишан еден пациент кој лежел  во ова одделение, но по тестот се утврдило дека е негативен на ковид-19.

Во велешката Општа болница досега од ковид-19 се излекувани 26 пациенти. ад/ев/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат