Утрински Весник
Македонија

Се реконструира водоводната линија во село Сопот

Се реконструира водоводната линија во село Сопот

Кавадарци, 11 мај 2020 (МИА) – Општина Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот комунален проект во селото Сопот за реконструкција на старата водоводна линија, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Се работи на поставување на комплетно нова мрежа по главниот вод на улицата „Илинденска“, како и на краците од сите останати селски улици. Паралелно се поставува и атмосферска канализација за зафаќање на атмосферската вода од улиците „Илинденска“, „Коле Василев“ и „Маршал Тито“, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет.

Станува збор за проект вреден 16.914.631 денари. свд/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила