Утрински Весник
Македонија

ЕУ испраќа уште заштитни маски во Северна Македонија

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал

Брисел, 11 мај 2020 (МИА) – Нови залихи на ФФП2 маски ЕУ испраќа денеска во Северна Македонија и Црна Гора од резервата на ЕУ на медицинска заштитна опрема, јавува дописничката на МИА од Брисел.

-Горд сум што се мобилизира дополнителна заштитна опрема во Северна Македонија и Црна Гора од резервата РескЕУ на ЕУ. Со овие нови залихи на заштитни маски им пружаме заштита на медицинските работници и другите есенцијални работници, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесарот за хуманитарна помош.

Минатата недела двете земји добија помош од Австрија во облик на дезинфекциски гел, пешкири, ракавици и постелнина и се доставени преку ЕУ механизмот за цивилна заштита.

Резервата, како што објаснуваат од Европската Комисија, се наоѓа во Романија и Германија, и овие две земји се одговорни за доставување на опремата. Европската Комисија пак финансира сто отсто од набавката на ракавици и друга опрема, соопштија од таму. ЕК подготвува дополнителна помош во наредните недели. тм/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!