Утрински Весник
Македонија

Група мигранти забележана кај кочанското село Мородвис

Група мигранти забележана кај кочанското село Мородвис

Кочани, 11 мај 2020 (МИА) – Жители на кочанското село Мородвис претпладнево забележале група мигранти кои се движеле во близина на населбата и барале продажен објект за да набават прехранбени продукти.

Од продавницата сместена во етно-куќата во Мородвис тие купиле поголема количина прехранбени производи, а плаќањето го извршиле со македонска валута.

– Непознатите лица дојдоа од правец на планината Плачковица, поради што претпоставуваме дека во текот на ноќта се криеле кај манастирот над селото. Мислам дека се работи за поголема група, но до продавницата дојдоа само тројца мажи. Настанот го пријавивме во Полициската станица во Кочани, по што дојдоа полициски службеници и направија увид. Во меѓувреме, мигрантите побегнаа, оставајќи зад себе дел од личните предмети и од набавените продукти, истакна Александар Кулески, жител на Мородвис.

Пред да дојдат полицијаците, мигрантите се днесувале коректно, а според жителите на Мородвис, целта им била да најдат начин за понатамошен транспорт кон македонско-српската граница.

Од Секторот за внатрешни работи во Штип го потврдија настанот, но не излегоа со детали дали станува збор за мигранти или други лица, затоа што се работело на документирање и дополнителна идентификација. та/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење