Утрински Весник
Свет

ФАО утврдува прекини во дистрибуцијата на храна во некои земји од Европа и Централна Азија за време на Ковид-19

ФАО утврдува прекини во дистрибуцијата на храна во некои земји од Европа и Централна Азија за време на Ковид-19

И покрај тоа што во Европа и во Централна Азија, како и на глобално ниво, годинава се очекува рекордно производство на пченица, како резултат на мерките за ублажување на пандемијата Ковид-19, наметнати се предизвици и прекини во дистрибуцијата на храна и земјоделското производство во некои земји, констатира ФАО, организацијата на ОН за исхрана и земјоделство.

Ова е дел од новата публикација на ФАО: „Регионална состојба на пазарите на храна и билтен за политики како одговор на пандемијата Ковид-19“, која го анализира регионот на Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Македонија.

Публикацијата дава преглед на политиките за извоз на најголемите регионални извозници на храна во услови на пандемијата, како што се Казахстан, Руската Федерација, Украина и Евроазиската економска комисија. Исто така, се осврнува на националните политики насочени кон ублажување на влијанието на пандемијата на пазарите со храна и осигурување на доволно домашни количини и стабилност на пазарот на храна. Некои од овие политики кои државите ги преземаат, меѓу кои и Македонија, вклучуваат ослободување на земјоделците од ограничувањата за движење за извршување на земјоделските активности на нивните земјоделски површини, контрола врз цените на основните прехранбени производи, веб алатки за олеснување на трговијата на домашни земјоделски производи, дополнителна финансиска поддршка за најпогодените земјоделски сектори, зелени коридори и друго.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење