Утрински Весник
Македонија

Продолжува дезинфекцијата на јавните површини во Радовиш

Продолжува дезинфекцијата на јавните површини во Радовиш

Струмица, 11 мај 2020 (МИА) – Во Радовиш денеска се изврши дезинфекција пред Здравствениот дом и на повеќе јавни површини во градот за спречување на ширењето на коронавирусот, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

-Дезинфекцијата е во рамките на редовните активности на ЈП „Плаваја“ и со денешната продолжуваме со извршување на одлуките и препораките на Општинскиот штаб за заштита и спасување и Владата, додаваат во информацијата од радовишкото комунално претпријатие.

Од Општина Радовиш и ЈП„Плаваја“ апелираат на максимално почитување на сите мерки и препораки од надлежните органи. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Support Kocani

Во Владата средба меѓу Мицкоски и лидерите од Вреди!