Утрински Весник
Македонија

Водостоите на реките под просекот за мај

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на јануарскиот просек
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Најголем дел од реките во земјава се со намален водостој во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Двојно е намалено нивото на реката Струмица кај Ново Село, а скоро двојно на реката Лепенец. Под просекот се и водостоите на Вардар, Треска, Пчиња, Крива Река, Црн Дрим и Сатеска.

Единствено зголемување од шест сантиметри се бележи кај реката Бабуна кај Богомила.

Кај трите природни езера, нивоата се над просекот за мај, но најголемо отстапување има кај Дојранското Езеро кое е скоро три сантиметри над просекот. бак/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Младо момче тешко повредено откако со автомобил излетал од патот

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Уште четири лица се уапсени со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството