Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – На 11.05.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје кај езеро Треска го лишиле од слобода Г.Љ.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.05.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во Градскиот парк, ги лишиле од слобода А.М.(21) и Н.С.(35), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, ризли и метална дробилка. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 08.05.2020 во 13.15 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, во содејство со вработени во ЈП „Национални шуми“ подружница Радовиш и Шумска полиција Радовиш, во дворно место од куќа сопственост на П.Р. (58), лоцирана на регионален пат Радовиш-Конче, пронашле и одзеле огревни дабови дрва, без соодветна документација. Дрвата се одземени и предадени во ЈП „Национални шуми“ Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.05.2020 во 11.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(30) од Прилеп и трактор „масеи фергусон“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.Б.(51) од с.Дебриште, кавадаречко. По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.
На 09.05.2020 во 11.30 часот полициски службеници од Полициска станица Струмица, во парк лоциран на раскрсница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Крушевска“ во Струмица, пронашле марихуана. Во Полициска станица Струмица се лишени од слобода Г.М. (32) и А.М. (31), и двајцата од Струмица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.05.2020 во 12.35 часот било пријавено дека на автопатот Велес–Градско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Е.(56) од с.Сливник и мотоцикл „јамаха Р6“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.П.(21) од Велес. По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.
Во текот на 08, 09 и 10.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје 31 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.
На 10.05.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, поради претходно случена сообраќајна незгода, дошло до расправија меѓу возачите, при што З.И.(44) од Скопје му упатил закани на З.Н.(51) од Скопје и го оштетил неговото товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мс/