Утрински Весник
Македонија

Делови од Карпош и Гази Баба денеска без вода

Утре без вода корисниците од „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и бул.„Борис Трајковски“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:40 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улицата „Коце Металец“ без број во Скопје.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „Коце Металец“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите.

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:40 часот ќе имаат и дел од корисниците лоцирани на улицата „Иван Аговски“ 13 и дел од корисниците од улиците „Руѓер Бошковиќ“ и „Даскал Камче“.

Корисниците од овие улици ќе бидат без вода поради дефект на затворач на улицата „Иван Аговски“ 13. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите на екипите на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче