Утрински Весник
Македонија

Приведени 22 лица кои не ја почитувале забраната за движење

Владата утре ќе решава за скратување на полицискиот час

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Вкупно 29 лица на ниво на целата држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, изминатото деноноќие на на 41 лице им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование