Рим, 10 мај 2020 (МИА) – Познатиот италијански новинар Лео Турини објави инфопрмација дека Ферари му понудил на Себастијан Фетел да го обнови договорот.
Тимот од Формула 1, наводно, му нуди на Фетел договор за период од една година и би сакал да добие одговор пред почетокот на сезоната 2020 во јули.
– Ферари го покани Фетел да го обнови договорот за една година и побара одговор до крајот на јуни. Пред да започне првенството. Економските услови се разликуваат од тековниот договор на Себастијан. Ако преговорите пропаднат, или ако Фетел одбие, тогаш Ферари дефинитивно ќе се обиде да го донесе во тимот Карлос Саинц, соопшти Турини. зс/