Утрински Весник
Македонија

Јавниот превоз во Скопје од утре во две смени – од 5 до 9 и од 13 до 19 часот

Јавниот превоз во Скопје од утре во две смени – од 5 до 9 и од 13 до 19 часот

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.

Од ЈСП Скопје информираат дека автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар.

За услугите на ЈСП Скопје може да се плати и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа.

Двосменскиот режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важат сѐ до новите препораки на надлежните институции, велат од ЈСП Скопје.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор