Утрински Весник
Спорт

Возниацки: Серена ми понуди да го одложам „пензионирањето“ и да играм до крајот на сезоната само во парови

Возниацки ја заврши кариерата со пораз и солзи во очите (видео)

Копенхаген, 10 мај 2020 (МИА) – Поранешната најдобра тенисерка на светот, Каролина Возниацки, која ја заврши кариерата оваа година, го коментираше нејзиниот настап со Серена Вилијамс на турнирот во двојки во Окленд.

– Беше еден од најзабавните турнири во мојата кариера. Разговаравме многу, и јас заклучив дека требаше да играме заедно многу порано. Таа дури ми предложи да го одложам крајот на професионалната кариера и да играм до крајот на сезоната, само во парови. Сепак, нема да тренирам само за игра во двојки, изјави Возниацки.

Данската тенисерка исто така раскажа што сака да направи следно.

– Сè уште не знам. Мислам дека ќе работам на телевизија подоцна. Но, да тренирам не е приоритет за мене. Знам што да правам, но тешко ми е да го соопштам ова на другите, затоа што губам трпеливост, додаде Возниацки. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига