Утрински Весник
Спорт

Интер понуди 15 милиони евра за Видал

Барса отфрлиле понуда од Интер за Видал
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милано, 10 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал е во сферата на интерес на калчолигашот Интер. Клубот од Милано е подготвен да го купи чилеанскиот фудбалер за 15 милиони евра, но каталонскиот клуб сака да добие најмалку 20 милиони.

Двете страни продолжуваат со преговорите, пренесува „Sport.es“.

Барселона е подготвена да го продаде Чилеанецот во блиска иднина, бидејќи не планира да го обнови договорот со него, кој истекува во јуни 2021 година.

Оваа сезона, Видал има одиграно 31 натпревар за Барселона и постигна шест гола и три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска