Утрински Весник
Македонија

МПС со апел до лидерите на верските заедници да се воздржат од организирање верски манифестации

МПС со апел до лидерите на верските заедници да се воздржат од организирање верски манифестации

Скопје, 10 мај 2020 (МИА) – Македонскиот полициски синдикат (МПС) од името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи апелира до лидерите на верските заедници и сите граѓани да се воздржат од организирање на верски манифестации, настани или да поттикнат собирање на граѓани и на каков било друг начин да не се почитуваат донесените мерки за заштита од Ковид-19.

– Изминатите три месеци, заедно со здравствените работници деноноќно работиме на ваша заштита, на заштита на вашите и наши семејства Постапувавме со грижа кон секој од вас и со подадена рака да си помогнеме едни на други, се вели во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Оттаму апелираат на воздржаност од непочитување на мерките, како и од повик на собири и други облици на загрозување на здравјето на граѓаните.

– Не заборавајте и ние сме луѓе, и ние сме нечие семејство, не го загрозувајте нашето здравје и здравјето на вашите и нашите семејства со непочитување на мерките. Вработените во МВР вложија многу во овој период, ги ризикуваа животите, дел и заболеа од вирусот. Да не дозволиме ширење на вирусот и загрозување на здравјето на сите граѓани, да ги почитуваме мерките и заедно да бидеме победници, додаваат во соопштението. мс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вистинска есен: Циклон од Џенова ни носи многу врнежи и големо заладување!

Kардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост

Бесплатен влез на сите претстави на фестивалот Under 600 – првиот фестивал на независна театарска продукција