Утрински Весник
Македонија

Кичевци од Америка делат хуманитарна помош за социјално загрозени семејства од родниот град

Кичевци од Америка делат хуманитарна помош за социјално загрозени семејства од родниот град

Кичево, 10 мај 2020 (МИА) – Здружението на кичевци „Ускана“ е координатор на иницијативата поддржана од многу луѓе со потекло од Кичево кои живеат и работат во САД, да им помагаат на социјално загрозени семејства кои имаат потреба во Кичево и околните места, со пакети со храна во овие тешки денови што ги минуваме од пандемијата со коронавирусот. За таа намена собрани се 8.000 американски долари.

-И овој пат кичевската солидарност не изостана и тие решија навистина да им помогнат на семејствата кои се во тешка економска состојба со помош вредна 8.000 американски долари, изјави координаторот на оваа хуманитарна помош Башким Бајрами .

Тој додаде дека сонародниците од Америка му довериле да биде носител на оваа акција во Кичево.

-Во координација со локалните заедници ќе се обидеме да направиме пакетите навистина да одат кај сиромашните семејства , рече Бајрами и нагласи дека над 200 паети со храна и хигиенски средства ќе бидат дистрибуирани до луѓето и семејствата од Кичево и околните места кои имаат потреба за тоа. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува