Утрински Весник
Моја Кујна

Макарони со доматен сос, зеленчук и печурки

Martina Makaroni

За сите љубители на тестенини, еве една супер брза идеја. Најпрво пропржете го кромидот неколку минутки дури почне да добива златно жолта боја, и веднаш додадете го останатиот зеленчук исечен на помали коцки и печурките. Додадете 1/2 шолја вода и мешајте дури не испари водата. Кога ќе испари водата оставете кратко да се пропржи зеленчукот. Додадете го доматното пире и оставете да поврие 6-7 минути. Зачинете и по желба додадете 50-100гр рендан кашкавал и измешајте дури не се стопи кашкавалот. Во овој сос додадете ги претходно сварените макарони. Измешајте и оставете некоја минутка убаво да се спои, па послужете.
Може да додадете каков било зеленчук што имате дома… тиквица, морков, патлиџан и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martina Trajanoska (@martinascooking) on

Можете да прочитате

Нутриционистите откриваат зошто луѓето имаат потреба од благо

utrinskilogin

Чоколадни бомбици (4 состојки)

Тортиљи со кашкавал