Утрински Весник
Македонија

Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот

Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот

Тетово, 9 мај 2020 (МИА) – Тричлена делегација на општинска организација на Сојузот на борци од Тетово учествуваше на симболичното одбележување на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Тројцата членови на организацијата положија цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово.

-Одбележувањето на овој значаен датум Сојузот на Борци од Народноослободителната и антифашистичка војна од Тетово, секогаш ги организирал со масовно присуство на негови членови, граѓани поддржувачи, како и во присуство на поголем број на здруженија, организации и политички партии. Поради глобалната пандемија од коронавирусот, оваа година 9 Мај – Денот на победата над фашизмот го одбележуваме во несекојдневни, вонредни услови, изјави Јоцко Димитриевски, претседател на организацијата.

Оваа година се навршуваат 75 години од победата над фашизмот.

-Втората светска војна во која беше победен фашизмот е пресудна и за македонскиот народ, кој пред војната беше национално обеспреавен и угнетуван од соседите, за да на крајот создаде својата национална држава. Свесни за својата состојба Македонците но и другите националности од првиот ден на НОБ се вклучија во антифашистичката војна за национална и социјална слобода, истакна Димитриевски. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откриена нелеглана плантажа на канабис во струмичко, одземени 680 килограми стебла, приведени две лица

За пет часа казнети 75 возачи за непочитување на правилата за првенство на минување

ЛДП: Детските приказни и Американскиот сон