Утрински Весник
Спорт

Италија: Вестите од некои тимови не се добри

Министерот за спорт на Италија го потврди стартот на заедничките тренинзи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милано, 9 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, повторно ја коментираше можноста за продолжување на Серија „А“.

Шефот призна дека некои од резултатите од тестот кај некои фудбалски тимови не биле добри, но не даде повеќе детали.

– Вестите во последните часови од некои фудбалски тимови не се добри. Додека не ја разбереме ситуацијата со здравјето на играчите, не можеме да дадеме конкретен одговор. Следната недела очекуваме анализи на кривата на заразените по олабавувањето на мерките и ќе ги разбереме сомнежите на научниот комитет. Овие две работи ќе ни помогнат да донесеме одлука. Оние кои мислат дека откако ќе заврши вонредната ситуација, ќе ги прават истите работи како порано, не ја сфатија сериозноста на она што се случува. Се надевам дека ова е повод за многу реформи во фудбалот и спортот. Јас ќе дадам се од себе тоа да се случи“, озјави министерот за спорт на Италија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска