Утрински Весник
Македонија

Двајца дебрани го нарушиле јавниот ред и мир

Двајца дебрани го нарушиле јавниот ред и мир

Дебар, 9 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие двајца дебрани го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз свој сограѓанин.

-Вчера во 18:45 часот на улицата „Амди Леши“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(27) и К.М.(29) врз Б.К.(33), сите од Дебар. Напаѓачите се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Тој додаде дека полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19, во оваа и општина Центар Жупа, целосно се почитувале.

Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. Во Дебар нема лица во изолација освен едно лице во самоизолација.

Инаку, во Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во нашата држава, веќе 24-ти ден нема новозаразени, со што вкупната бројка на заразени останува 51, од нив две лица од Центар Жупа. Од вкупниот број 47 се излекувани додека четворица починаа.вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот