Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – На 05.05.2020 во 10.30 часот во СВР Битола, жена од Битола пријавила дека на 07.04.2020 нејзиниот сопруг Н.С.(61) од Холандија, со привремен престој во Битола извршил обљуба врз нивното малолетно дете. По насоки на јавниот обвинител пријавениот е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Битола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.05.2020 околу 18,45 часот на ул.„Лазар Поп Трајков“ од полициски слсужбеници од СВР Скопје бил приведен Љ.С.(66) од Скопје затоа што истиот ги омаложувал и агресивно се однесувал кон полициските службеници при нивното извршување на редовни работни задачи. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.05.2020 во 13.30 час во СВР Велес, С.А.(44) од Кавадарци, вработен во ЈП Комуналец -Кавадарци пријавил дека на депонија – Мелци во Кавадарци била пронајдена неексплодирана бомба. Од увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Кавадарци било излезено на местото на настанот при што било констатирано дека се работи за рачна бомба М-75, која била пронајдена од И.О.(49) од Кавадарци , вработен како чувар на депонија Мелци. Бомбата е подигната од Дирекцијата за заштита и спасување во Кавадарци.
На 08.05.2020 околу 12.45 часот на регионален пат Кичево – Демир Хисар се случила собраќајна незгода помеѓу велосипедист В.П.(54) од Кичево и велосипедист О.Н.(55) од Кичево.По незгодата О.Н. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.
На 08.05.2020 во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола бил донесен повреден Б.С.(66) од Битола, кој додека управувал моторцикл„баотјан-50“ со битолски регситарски ознаки на ул. Филип Втори Македонски во Битола изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот. Од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
На 08.05.2020 во 14,00 часот во СВР Струмица, Т.Т.(55) од Струмица пријавил дека на 07.05.2020 околу 17.00 часот на ул Крсте Мисирков во Струмица велосипедист удрил во неговиот 6 годишен син, по што застанал да му пружи помош. По незгодата од доктор во Медицински центар Струмица на малолетникот му биле контстирани тешки телсни повреди.Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.
На 08.05.2020 во 18.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул„Амди Леши“ во Дебар, Б.К.(33) од Дебар поради меѓусебно недоразбирање бил физички нападнат од А.М.(27) и К.М.(29) двајцата од Дебар. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
На 08.05.2020 во 12.50 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци бил донесен повреден В.Г.(55) од Кавадарци кој се повредил додека извршувал градежни работи на неговиот стан на ул. Никола Минчев. Од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.
На 08.05.2020 во 20.30 часот во СВР Тетово, Љ.А.(37) од Тетово пријавил дека околу 19.00 часот на крстосница од ул.“Илинденска“ со ул.„Б.Миладинови“ во Тетово по претходна расправија му било извршено насилство од М.С.(34) од Тетово, така што бил физички нападнат со метална шипка.По настанот околу 20.50 часот М.С. бил лишен од слобода од полициски службеници од СВР Тетово. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.05.2020 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово на бул.„Илинденска го лишиле од слобода Х.Д(26), затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 08.05.2020 околу 13.10 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение на ул.Козле во Скопје на 01.05.2020 се оддалечила нивната штитеничка А.Е.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. рп/