Утрински Весник
Македонија

Спасовски за „Диво Насеље“- Нарачателите имаа подмолна намера, присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат

Владина седница и активности на премиерот и министрите во Штип

Куманово, 9 мај 2020 (МИА) – Исклучително вознемирувачки и трагичен настан, кој подоцна во судските архиви беше заведен како „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, напиша премиерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи по повод пет години од „Диво Насеље“.

Тој потсети дека два дена Куманово и земјата го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која загинаа осум припадници на Министерството за внатрешни работи.

–Денеска се навршуваат 5 години од „Диво насеље“. Два дена Куманово и целата земја, во страв и неизвесност, го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Слава им!– напиша Спасовски.

 

Овој трагичен настан, додава, засекогаш ќе остане длабока траума за кумановци и за граѓаните на земјата.

–Сигурен сум дека нарачателите имале подмолна намера, но присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат, објави премиерот.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ не сакаше ниту да дискутира по предлогот за помали станбени кредити за младите семејства

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка” АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните