Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Во тек се плановите за продолжување на сезоната во НБА

Дел од НБА екипите почнуваат со тренинзи во петок
Img 7972

Њујорк, 9 мај 2020 (МИА) – Сè уште нема ништо официјално за продолжување на сезоната во НБА, но комесарот Адам Силвер даде некои појаснувања.

Во случај на враќање, играчите ќе бидат тестирани секој ден за коронавирус, а доколку има некои позитивни, сезоната нема да запре повторно. Ова самиот Силвер го кажал во синоќешниот разговор со Здружението на играчи.

Исто така, можно е навивачи да нема на трибините до крајот на оваа сезона и за време на следната.

Доколку се донесе таква одлука, тоа ќе чини 40 отсто од буџетот во НБА, но ќе овозможи да се играат натпревари.

Исто така, стана јасно дека ако сезоната продолжи, се разгледуваат две дестинации – „Дизни Светот“ во Орландо и Лас Вегас.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг