Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Скопје, 9 мај 2020 (МИА)Синоќа 22,00 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на магистралниот пат Битола-Прилеп кај мост на ул.„Караорман“ имало стара неескплодирана граната. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неексплодирана артилериска граната кал.75 мм од Првата светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната.

Синоќа во 19,10 часот на крстосница од ул. „Диме Хаџи Димов“ и ул.„Божидар Аџија“  во Скопје се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Ч. (53) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б. (38) од Скопје. По незгодата со возило на итна медицинска помош Г.Ч и неговиот сопатник А.Т. (26) од Гостивар биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор на А.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди,  додека Д.Б. и неговиот сопатник Д.А од Скопје биле пренесени во Градската општа болница„Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

Вчера во 18.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорѓи Капчев“ го лишиле од слобода Н.С.(41) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени прашкаста материја и црна течност. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Киро Глигоров“  за време на забраната за движење го лишиле од слобода Ж.Љ. (32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Лука Геров“ го лишиле од слобода Д.Ѓ.(52) од село Глоѓи, Тетовско порад постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 17.20 часот во Полициската станица Кисела Вода И.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.Христо Татарчев била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчера во 13.50 часот во Полициската станица Карпош З.Л.(33) од Скопје пријавил дека на ул.Јуриј Гаргарин бил каснат од куче скитник.

Вчера во 18,10 часот во село Норово, Крушевско мотоцикл „зонгшен“ без регистарски ознаки управуван од Ј.И. од с.Норово удрил во коњ. Ј.И. бил пренесен во Медицинкси центар„Борка Талески“ во Прилеп каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Крушево.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Три години и четири месеци затвор за раководителот од Маврово – фатен на дело со поткуп

Мицкоски „загрижен“ дека СДСМ може да исчезне по локалните избори