Утрински Весник
Македонија

Осумнаесет лица приведени за непочитување на забраната за движење

Осумнаесет лица приведени за непочитување на забраната за движење

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Дваесет и седум лица во изминатото деноноќие не ја почитувале мерката за забрана за движење, осумнаесет се приведени, а две лица не ја почитувале мерката за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на МВР, полицијата привела 18 лица поради непочитување на забраната за движење, а за останатите се земени податоции ќе следуваат соодветни мерки.

На територија на целата земја во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 44 лица, а 27 потпишале изјави за самоизолација.  Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил нашиша дека граѓаните се одговорни, совесни и свесни и оти генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август

ВМРО-ДПМНЕ: ХС Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира