Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Прв концерт во рамки на ,,Култура во време на корона” во Македонска Каменица

Прв концерт во рамки на ,,Култура во време на корона” во Македонска Каменица
300x250 opst2

Македонска Каменица, 9 мај 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица вечерва ќе се одржи првиот концерт како дел од настанот ,,Култура во време на корона“. Според информациите на Горан Огнановски, директор на Културно-информативниот центар „Романса” кој е организатор на настанот се работи за концерт што ќе биде пренесуван во живо во времето на полицискиот час.

-Концертот е предвиден во централното градско подрачје кај паркинг просторот на улица „Рударска“, а целта е да им се овозможи на што поголем број граѓани да го следат настапот од своите балкони, вели Огнановски.

Додаде дека концертот поради вирусот Ковид-19 ќе се одржи без класично присуство на публика.

-Почетокот е закажан еден час по започнувањето на полицискиот час и ќе биде директно пренесуван на официјалниот фејсбук профил на Општина Македонска Каменица и на јутјуб каналот на локалниот електронски медиум (каменица.мк), додава Огнановски.

Претходно, Културно-информативниот центар „Романса“ објави повик до локалните уметници и музичари кои во овој период останаа без ангажман, да учествуваат на настанот, со цел да ја доближат културата до граѓаните, во време на потребно социјално дистанцирање поради појавата на коронавирусот. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години