Утрински Весник
Македонија

Денот на Европа ќе се одбележи со оддавање почит на жртвите на Ковид-19 и со Еуротон онлајн програма

Денот на Европа ќе се одбележи со оддавање почит на жртвите на Ковид-19 и со Еуротон онлајн програма

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – По повод Денот на Европа – 9 Мај, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија организира настан пред платото на Градската општата болница „8 Септември“.

Настанот ќе почне во 12.30 часот со кревање на знамињата на Република Северна Македонија и на Европската Унија, по што ќе се оддаде почит со едноминутно молчење за жртвите од Ковид-19.

Како што соопшти европската делегација во Скопје, на церемонијата свои обраќања ќе имаат евроамбсадорот Самуел Жбогар и премиерот Оливер Спасовски. На настанот ќе присуствуваат и шефот на дипломатијата Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за здравство Венко Филипче.

Настанот ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Владата на Северна Македонија.

По повод Денот на Европа, делегацијата на ЕК во Скопје ќе одржи и Еуротон (Eurothon), целодневна он лајн програма на социјалните медиуми на Делегацијата на ЕК и на Европска куќа.

Програмата ќе почне со интонирање на химната на ЕУ „Ода на радоста“ во изведба на студентите од музичкото училиште „Пиано арт“ од Скопје, по што ќе следуваат он лајн обраќања на евроамбсадорот Жбогар и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Еуротон ќе почне во 11 часот, а ќе вклучува и емитување делови од дебати на евроамбасадорот Жбогар со ученици од средни училишта низ земјава, презентација на програмите на Еразмус и други активности. нд/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)