Утрински Весник
Македонија

Јавниот превоз денеска и утре ќе функционира од 05 до 19 часот во две смени

Дополнителни автобуси на 59, 59А и 59 Б во пресрет на верскиот празник Задушница

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Јавниот превозденеска ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Како што соопшти ЈСП, отворени од 7:30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Јавниот превоз утре ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

Од 7:30 до 13 часот, утре, ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот). мс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите