Утрински Весник
Спорт

ФИФА им дозволи на шампионатите да не користат ВАР

Во Саудиска Арабија, вработен на стадион го исклучи ВАР за да си го наполни телефонот

Цирих, 8 мај 2020 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација нема да им замери на  националните федерации ако не го користат ВАР системот при продолжување на сезоната.

Претходно, Меѓународниот совет на фудбалските здруженија (ИФАБ), исто така, даде зелено светло на привремено откажување од видео-асистенти на судијата.

Во исто време, ФИФА истакна дека во оние земји каде што ќе се применува ВАР системот, правилата ќе останат исти.

Сезоните во повеќето првенства беа прекинати поради пандемијата на коронавирус. Некои лиги размислуваат да ги одржат преостанатите натпревари без гледачи. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години