Утрински Весник
Спорт

Венгер за Премиер лигата: Што и да одлучат, за секој Ливерпул е шампион

Венгер финалето на Лига Европа го нарече мал кошмар за навивачите

Лондон, 8 мај 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер зборуваше за судбината на Премиер лигата оваа сезона.

– Јирген заврши одлична работа, бидејќи Ливерпул веќе 30 години го чекаше овој трофеј. Постои огромна разлика во однос на Ливерпул со второпласираниот Манчестер сити. Тоа е огромен јаз од 25 бода. Без оглед на тоа што ќе одлучат во Англија, мислам дека Ливерпул е шампион за сите, рече Венгер.

Ливерпул е убедливо прв на табелата во Англиското фудбалско првенство и при продолжување на сезоната речиси сигурно по три децении ќе го освои шампионскиот трофеј. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство