Утрински Весник
Македонија

Прв случај на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Прв случај на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Гостивар, 8 мај 2020 (МИА) – Во најмалата гостиварска општина регистриран е првиот случај на инфициран од Ковид-19. Станува збор за маж, жител на едно од долнореканските села, чии резултати биле стигнати попладнево.

Информацијата ја потврди и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куротвски, кој соопшти дека во тек е состанокот на локалниот кризен штаб на кој се разгледува новонастаната ситуација.

Лицето кај кое е откриено присуство на коронавирусот, изминативе денови имал полесни симптоми на болеста и бил лекуван во амбулантата во Ростуше. По позитивниот тест, тој е префрлен на инфективното одделение во гостиварската општа болница.

Здравствените власти наредниве денови ќе работат на епидемиолошки анализи за да откријат како се појавил првиот случај на Ковид-19 во овој регион и дали близината со Дебар и традициите на населението имаат влијание. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Културната дипломатија е незаменлив дијалог, и во мир, и во криза

Камион пропадна на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки