Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот

Фудбалерите на Барселона се вратија на тренинзи во базата на клубот

Барселона, 8 мај 2020 (МИА) – Фудбалерите на Барселона продолжија со тренинзи во базата на клубот, објави прес-службата на клубот на Твитер.

Исто така на страницата на каталонскиот клуб беше објавена фотографија од напаѓачот и големата ѕвезда на клубот Лионел Меси, кој изведува вежба со топка.

Се враќаме на работа, напишано е под фотографијата на Меси.

Претходно во текот на денот, сите играчи ги поминаа тестови за коронавирус и испаднаа дека се негативни.

Шпанското првенство е предвидено да продолжи на 14 јуни, а Барселона е прва по 27 одиграни со предност од два бода пред својот голем ривал Реал Мадрид. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ