Утрински Весник
Македонија

Филипче: Велес не е ново жариште, ситуацијата е под контрола

МЗ: Не се точни информациите дека мајката и синот од Велес се починати повеќе од еден месец

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Велес не е ново жариште за ширење на коронавирусот бидејќи инциденцата е многу мала, помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзни со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

-Го знаеме кластерот-групата, и во таа смисла не е некоја неконтролирана трансмисија и не е потенцијално жариште бидејќи имаме увид . Како што најавив денеска во ЦЈЗ присутни се како подршка и за дополнителна стручна консултација луѓе од ИЈЗ и ДСИ за подетално да се направи анализа на овие случаи. Разговарав и со директорот во болницата во Велес. Така што целокупната ситуација во Велес е под контрола, рече Филипче запрашан во врска со зголемувањето на бројот на нови случаи во овој град во последните неколку дена.

Во врска со аеродромите, Филипче рече дека е се уште рано да се отворат. вг/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада