Утрински Весник
Македонија

Во Општина Лозово продолжува асфалтирањето на улиците

Во Општина Лозово продолжува асфалтирањето на улиците

Велес, 8 мај 2020 (МИА) – Општина Лозово неделава ги асфалтираше улицата „Козара“, кракот 3 од улицата „Маршал Тито“ и кракот 2 од улицата „Октомвриска Револуција“.

Како што информира градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, градежната офанзива во општина Лозово продолжува, со цел подобрување на условите за живење на сите жители од општината.

Пред 15-тина дена беше асфалтиран крак 1 од улицата „Питу Гули“  и кракот 1, 2 и 3 од улицата „Маршал Тито“.

– Продолжуваме понатаму со истото темпо, најави градоначалникот Велковски. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч