Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец кој испратил текст со говор на омраза до функционер и Владата

Кривична пријава против скопјанец кој испратил текст со говор на омраза до функционер и Владата

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Пријавениот, како што соопштуваат од МВР, по пат на информатички систем, на 06 мај 2020 година до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Северна Македонија испратил текст со говор на омраза.

– Потоа, Б.П. на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил постови во кои имало говор на омраза, а се однесуваат на претседател на политичка партија. Исто така, истиот ден Б.П. на објавен пост на „Фејсбук“ профил на една ТВ куќа имал објава во која се ширел говор на омраза, посочуваат од МВР. фф/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац

Нов бран семејно насилство: Маж нападнал сопруга, син ја тепал мајка си

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра