Утрински Весник
Спорт

Кени за продолжувањето на Бундеслигата: Ако беше опасно немаше да се дозволи да играме

Кени за продолжувањето на Бундеслигата: Ако беше опасно немаше да се дозволи да играме
Dik 300x250 mk

Гелзенкирхен, 8 мај 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Шалке, Џонџо Кени, кој настапува за бундеслигашот како позајмен фудбалер од Евертон, смета дека продолжувањето на германското првенство 2019/20, претходно суспендирано поради пандемијата на коронавирус, не е опасно.

– Мислам дека ако не беше можно да се игра сега, немаше да ни дозволат. Не игравме два месеци, моравме да го чекаме вистинскиот момент. Чекавме додека сè не се смири. Јас им верувам на лекарите во клубот, ги следиме сите препораки. Во Шалке сите се многу среќни и со нетрпение чекаат да продолжи сезоната, рече Кени.

Германското фудбалско првенство ќе продолжи на 16 мај, Шалке ќе се сретне со Борусија Дортмунд во Рурското дерби. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја