Утрински Весник
Македонија

Се асфалтира нова делница од патот кон планината Плачковица

Се асфалтира нова делница од патот кон планината Плачковица
Dik 300x250 mk

Струмица, 8 мај 2020 (МИА) – Денеска почна да се асфалтира нова делница од патот кон планината Плачковица над местото Друм во должина од околу 7 километри и со ширина од 5 метри на коловозот со асфалтен слој од шест сантиметри, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

-Градежните работи ги изведува „Македонија пат“ од Штип, а средствата се обезбедени од министерството за транспорт и врски. Со новото асфатирање ке бидеме комплетни со 10 километри реконструиран и асфалтиран дел кон Плачковица, надевајќи се дека и следната година ќе успееме да ги завршиме останатите седум километри за целосна реконструкција на овој патен правец, истакна градоначалникот Конзулов.

Овој патен правец се рехабилитира за прв пат по 40 години, а работите треба да завршат до крајот на месецот.

За целосна обнова на патниот правец останува уште една делница која ќе биде завршена во 2021 година.рт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца