Утрински Весник
Македонија

Номинација за наградата УНЕСКО-Лореал за жените во науката за 2021 година

Номинација за наградата УНЕСКО-Лореал за жените во науката за 2021 година

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – УНЕСКО ги поканува државите членки да поднесат свои номинации за наградите на УНЕСКО – Лореал за жените во науката за 2021 година.

Наградите во износ од по 100.000 американски долари поединечно ќе им бидат доделени на пет истакнати жени научници, за нивниот особен придонес во истражувањата во областа на физиката, математиката и компјутерските науки.

Поднесување на кандидатурите е единствено преку онлајн-платформата креирана за овие награди, најдоцна до 31 мај 2020 година.

– Молиме, по поднесувањето на евентуалните кандидатури за овие награди, да ја информирате Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, се наведува во објавата на Министерството за образование и наука. хс/са/

Во прилог се доставени и правилата и процедурите во врска со овие награди:

2021 L’Oréal-UNESCO For Women in Science Awards – Rules and Regulations

Call for nominations_FWIS Awards 2021_eng

Call for nominations_FWIS Awards 2021_fr

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид