Утрински Весник
Спорт

Рангник потврди дека започнал преговори со Милан

Рангник откри што довело до прекинување на преговорите со Милан

Милано, 8 мај 2020 (МИА) – Германецот Ралф Рангник потврди дека започнал преговори за да стане тренер на Милан.

Сегашниот директор на Лајпциг е посочен како човекот што може да биде решението на „росонерите“ на долг рок.

Актуелниот тренер Стефано Пиоли, кој веќе е втор тренер во сезоната по Марко Џампаоло, не ги исполни очекувањата и извесно е дека ќе биде заменет.

– Не можам да ја исклучам позицијата тренер. Милан ме праша за можностите и ги префрлив сите преговори на агентот. Сепак, по контактите, се појавија поважни прашања во светот. Милан и Серија „А“ треба да размислат за тоа, рече Рангник.

Поранешниот тренер на Лајпциг, Хофенхајм и Шалке првично беше поврзан со позицијата директор во гигантот од Милано, откако се уште постои таа опција, но и да биде тренер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија