Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против едно лице за непочитување на полициски час

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против едно лице за непочитување на полициски час
Img 7972

Кичево, 8 мај 2020 (МИА) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против К.М.(65) од Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој објасни дека лицето на 20 април годинава во 11 часот, затекнат е на булеварот „Ослободување“ во Кичево и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час, издадена од надлежен орган и не ја почитувал одлуката за забрана на движење на населението во периодот од 16 часот на 17 април до 05 часот на утро на 21април. рз/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица

Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода