Утрински Весник
Македонија

Јанева: Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Јанева: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – СЈО кое го водев четири години, од тогашната опозиција доби 660 илјади фајлови со незаконски прибавени прислушувани материјали. Да знаете што јас се знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука, но јас никогаш не дозволив тие да излезат во јавност. Се надевам дека тие фајлово се уште се во СЈО, изјави поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева кажа дека фајловите биле слушани по три часа на ден и сите материјали биле сработени.

– Согласно законот за СЈО јавните обвинители имаа целосна слобода и независност во водењето на предметите и постапките, рече Јанева.

Нагласи дека таа не водела ниту еден од случаите, што биле отворени од СЈО и немала ниту еден предмет во нејзината канцеларија. аа/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство