Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против кумановец за шверц на наркотични дроги

Кривична пријава за двајца стружани за дрога

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – СВР – Куманово вчера поднесе кривична пријава против Р.С. (29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– Имено, на 6 мај 2020 година во неговиот дом во Куманово, од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил извршен претрес, при што била пронајдена 541,61 грама марихуана, која ја препакувал во 18 опаковки и ја подготвил за улична препродажба, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека од страна на истражен судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. фф/сп/

Фото: МИА Архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни