Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид се откажува од Погба

Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед во јануари

Мадрид, 8 мај 2020 (МИА) – Реал Мадрид се откажа од намерата да ја привлече sвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, пишува „Марка“, и ги споделува причините за тоа.

Иако играчот веруваше дека ќе може да ја повтори шемата на Еден Азар и да го изнуди неговиот трансфер во „Сантијаго Бернабеу“ една година пред да му истече договорот со неговиот сегашен клуб, шансите за тоа да се случи се сведени на нула, пишува весникот.

Зинедин Зидан продолжува да го има во предвид, но тој веќе знае дека ова е невозможна задача. Мино Рајола и извршниот директор на Реал, Жозе Анхел Санчез, зборувале неколку пати во последните неколку месеци, но најмногу заради Ерлинг Холанд,а не за Французинот, тврди изданието. Клубот е свесен дека Погба не ја напуштил неговата идеја да се пресели на „Бернабеу“, но неговата плата е проблем.

Тренерот на „кралевите“ се уште бара нов силен играч од средниот ред, како што спомнал во разговорот со Погба во Дубаи во текот на зимата, но челниците не се на исто мислење и притискаат за помлада опција, во лицето на Едуардо Камавинга од Рен. Се споменуваат други опции, особено Н’Голо Канте од Челзи.

Во моментов, сепак, мадриѓаните размислуваат повеќе за продажба отколку за купување и, пред сè, да се спасат од високи плати, како таа на Погба, кој сега се смета за забранет трансфер во новиот светски фудбалски поредок, се додава во публикацијата.

Тие во својот материјал раскажуваат и за обидите на Реал да потпише со играчот во последните 4 години.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес