Кај мене често на трпеза, затоа што е брза и не одзема време.
Слободно може да ја наречеме мрзлива пита ? а ги има такви неколку на профилов.
Ако сеуште не сте појадувале, или немате идеја за ручек еве еден супер брз предлог.
Изматете ги јајцата со миксер или маталка, па додадете ги сите течни, па сите суви состојки. Јас измешав интегрално и бело брашно. Смесата не треба да ви е многу течна, но не и премногу густа. Го додаваме спанаќот(околу 100-150 гр) и сирење или урда. Смесата префрлете ја во намрсен и набрашнет плех бр.26-28(или хартија за печење), наросете сусам, лен и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 200 С. Оставете да излади малце, па послужете.
View this post on Instagram