Утрински Весник
Свет

Короната останува, но Германија „се отвора“

Bundestag 2463236 640

Повторно се отвараат продавниците, школите и градинките. Повторно ќе се гледа фудбал на телевизија, макар и без посетители на стадион. Доаѓа лето, ќе се отворат кафеани, а кој сака ќе може во земјата да оди на одмор, дури и во хотел.

Виролозите се изјаснија со внимателно „да”. Не им ни преостана ништо друго, дури и да гледаат опасност дека со разлабавувањето на мерките Германија може да си навлече втор бран на инфекции.

Оти земјата, нејзините експерти, докторите и негувателите, па и политичарите завршија голема работа: ретко која друга земја толку добро помина во неделите со корона. Сега со оглед на нискиот број новоинфицирани тешко и да има уште аргументи да се задржат на сила драстичните ограничувања.

Канцеларката останува скептична

Во изминатите денови канцеларката делумно без зборови гледаше како еден по друг покраинските политичар најавуваа разлабавување на мерките – од кафеани во Баварија до хотели во Мекленбург Предна Померанија.

Ангела Меркел сега одговорноста за она што би можело да следи како последица ја лоцираше токму таму: кај покраините. Ако инфекциите почнат нагло да растат, покраините ќе мора брзо да донесат нови ограничувања. Канцеларката инсистира на тоа.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор: dw.com

фото: pixabay.com

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд