Утрински Весник
Македонија

Поднесени околу 500 барања за минимална гарантирана помош во Гостивар

Поднесени околу 500 барања за минимална гарантирана помош во Гостивар

Гостивар, 7 мај 2020 (МИА)  – Околу 500 граѓани на Гостивар поднеле барања да добијат помош од државата како материјално необезбедени во услови на криза предизвикана од коронавирусот.

Шефот на Одделението за социјална помош во Центарот за социјални работи во Гостивар, Себајдин Изаири изјави дека барателите треба да достават и трансакциска сметка и апелираше што поскоро да ги комплетираат барањата за да може навремено да се изврши уплатата на средствата.

Лицата кои поднеле барања, можат да добијат од четири до десет илјади денари, зависно од бројот на членови во семејството. Минималната помош за материјална необезбеденост на едно семејство ќе се утврдува според вкупниот приход кое членовите го оствариле од претходниот месец.

Семејствата корисници на ова право можат да поднесат и барање за помош од илјада денари, за покривање на дел од трошоците за потрошена електрична енергија за април и мај. згм/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато