Утрински Весник
Македонија

Пролетната акција за собирање габаритен отпад во Велес продолжена до крајот на годината

Пролетната акција за собирање габаритен отпад во Велес продолжена до крајот на годината

Велес, 7 мај 2020 (МИА) Покрај вонредната состојба предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ спроведоа пролетната акција за собирање габаритен отпад од домаќинствата.

Како што информираат од Општината, под строги мерки за заштита и ограничување на контактите со сопствениците била извршена услуга на 20 домаќинства, и при тоа беше собран габаритен отпад со волумен од околу 80 метри кубни кој бил депониран во општинската комунална депонија.

Најголем дел од собраниот габаритен отпад е мебел и санитарии.

Заради актуелната состојба, а со цел да им овозможи на граѓаните да го остварат правото на оваа бесплатна услуга, Општина Велес ги информира граѓаните дека акцијата ќе продолжи до крајот на годината

Оттаму појаснуваат дека доколку имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, се молат граѓаните да не го оставаат на јавните површини, до контејнерите за отпад и да се јават во секторот Комунална хигиена на телефон 043/233-768, секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот. 

Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.ад/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги