Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Манчестер јунајтед се откажува од трансфер целта број 1 за ова лето

Тери: Местото на Санчо е во Челси
300x250 opst2

Манчестер, 7 мај 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед ќе се откаже од трансфер целта број 1, според „Мирор“. Според весникот, ова лето „црвените ѓаволи“ нема да испратат понуда до Џејден Санчо. Поранешниот играч на Манчестер Сити е поврзан со еден куп европски гиганти, меѓу кои и „граѓаните“, Барселона, Реал Мадрид, Челси, Ливерпул, Арсенал и Баерн Минхен, но Јунајтед е големиот фаворит.

Сепак, според публикацијата, Борусија Дортмунд воопшто не е под притисок да ја продадат својата sвезда и затоа нема да направат попусти во цената – 100 милиони евра. За Јунајтед, сепак, ова не е разумно, особено во вакви неизвесни финансиски времиња.

Неодамна, извршниот потпретседател на англискиот гигант Ед Вудворд објави дека скапите трансфери во наредните месеци би биле неоправдани пред лицето на новата реалност со која ќе се соочи спортот. Така, Манчестер Јунајтед скоро сигурно ќе чека 12 месеци и ќе излезе со понуда за Санчо во летото 2021 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН