Утрински Весник
Македонија

Во пожар изгоре стан во Кичево, петчленото семејство остана без својот дом

Во пожар изгоре стан во Кичево, петчленото семејство остана без својот дом

Кичево, 7 мај 2020 (МИА) – Петчлено семејство од Кичево остана без својот дом откако тој целосно изгоре во пожар што избувна синоќа на улицата “11 Октомври”.

-Останавме на улица бидеќи се ни е изгорено, цела покуќнина, книгите на децата, компјутерот, облеката, но сепак нема настрадани луѓе тоа е среќа во несреќа. На време излеговме од домо,  дојдоа пожарникарите и пожарот беше изгаснат. Ние сега останавме без ништо, низ солзи раскажуваше Нурије Белулоска, која се надева на помош од хуманитарните луѓе.

Освен станот на семејството Белулоски оштетен е и станот на семејството Алими, бидеќи двата стана имаа заеднички кров и дождот што синоќа наврна и нив им направи огромна штета.

Инаку, овие стана се во рамки на старата зграда на поранешниот Централен комитет, а првичните сознанија се дека пожарот избувнал во кровот на зградата, поради стара и дотраена електрична инсталација.

Причината за пожарот ќе ја покаже истрагата.рф/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес бара итно зголемување на термините и подобра достапност до специјалистички прегледи

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица

Објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија